Интер уште во јануарскиот преоден рок покажуваше сериозен интерес за Куртис Џонс, но „нероаѕурите“ не успеаја во намерата да го доведат плејмејкерот на Ливерпул во своите редови.
Планот не е откажан, па Интер денеска испрати и официјална понуда во висина од 25 милиони евра, но истата беше експресно одбиена од страна на англискиот гигант. Имено, понудата од загарантирани 20 милиони плус пет милиони преку клаузула е прениска за „црвените“, кои го проценуваат англискиот фудбалер на 45 милиони евра.
Проблем за Ливерпул е што Џонс има само уште 12 месеци од договорот со „црвените“, но во англискиот клуб веруваат дека новиот тренер Ираола може да го вклучи посериозно во плановите отколку што тоа беше случај со Арне Слот, по што Џонс би прифатил и продолжување на престојот на „Енфилд“.
На потег е Интер, дали ќе испрати нова понуда од околу 40 милиони евра за да ги задоволи барањата на Ливерпул или да го насочи вниманието кон останатите опции на пазарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
