Ливерпул го положи најважниот испит, Елмас со Наполи во осминафинале

Ливерпул се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите откако „црвените“ триумфираа на клучниот натпревар, на гостински терен против Салцбург со 0-2.

Избраниците на Јирген Клоп одиграа одличен меч, Салах промаши два „зицери“ во првиот дел, за потоа во второто полувреме Кеита и Салах да ја запечатат победата и првото место во групата.

Пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите обезбедија и Елиф Елмас и Наполи, по вечерашниот триумф од 4-0 над Генк. Македонскиот репрезентативец го проследи целиот меч од клупата за резерви, а во главна улога беше Милик, кој постигна хет-трик уште во првото полувреме. Конечните 4-0 од пенал ги постави Мертенс.

Се вчитува...