Ливерпул го потпиша Наби Кеита… за следната сезона

Наби Кеита и официјално потпиша договор со Ливерпул, но истиот ќе стане важечки по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона, објавија денеска неколку британски медиуми. Раководството на „црвените“ цело лето преговараше за да го доведе Кеита во своите редови, но челниците на Лајпциг останаа доследни на ставот дека овој фудбалер ќе остане дел од германскиот прволигаш.

Свесни дека во договорот на Кеита има клаузула што го прави достапен за отштета од 55 милиони евра следното лето, водечките луѓе на бундеслигашот седнаа на маса со „црвените“ и ги договорија деталите од овој трансфер, што ќе се реализира за наредната натпреварувачка сезона (2018/2019). Покрај 55-те милиони евра за клаузулата, Ливерпул платил и дополнителна сума за да се осигура Лајпциг уште сега да ја прифати понудата и трансферот да биде официјализиран, за некој друг клуб во меѓувреме да не се вклучи во трката по Кеита.

Самиот фудбалер веќе се наоѓа во Англија и денеска ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе замине за Гвинеја, приклучувајќи се на својата репрезентација пред натпреварите од квалификациите за СП 2018.

Се вчитува...