Ливерпул го растури Јунајтед, евро-гол на Џердан Шаќири

Ливерпул го декласираше вечниот ривал Манчестер јунајтед со 4-1 на пријателскиот натпревар одигран во Мичиген, САД, во кој деби од соништата за Ливерпул имаше Џердан Шаќири.

Швајцарскиот ас влезе во игра на стартот од второто полувреме на местото на Салах, асистираше до Стариџ за вториот гол за „црвените“, пред со евро-гол со „ножички“ да стави печат за конечните 4-1.

Претходно, Мане го доведе Ливерпул во водство од пенал по стартот врз Салах, Переира израмни пред крајот на полувремето, за во вториот дел тимот на Јирген Клоп да постигне три гола, преку Стариџ, Оџо и Шаќири.

Се вчитува...