Ливерпул го реши и Торино: Деби на Алисон на „Енфилд“, Фабињо промаши пенал…

Ливерпул имаше успешна „генералка“ за новата сезона откако тимот на Јирген Клоп вечерва славеше со 3-1 над Торино. Германскиот стратег избра последниот контролен меч да го игра на „Енфилд“, за фановите да ги видат на дело новите засилувања предводени од голманот Алисон Бекер.

Фабињо нема по добро да го памети овој натпревар откако Бразилецот промаши пенал при резултат 0-0, но набрзо потоа Фирмино и Вајналдум погодија за водство од 2-0. Белоти намали на 2-1 пред крајот на полувремето, за во вториот дел Клоп да го промени речиси целиот тим.

Конечните 3-1 во самиот финиш ги постави Даниел Стариџ по одличниот центаршут на Шаќири.

Се вчитува...