Ливерпул го реши Милан, а Реал Интер… ПСЖ ги купи играчите, но не и победите… Сити и Лајпциг постигнаа девет гола (ВИДЕО)

Ливерпул го совлада Милан со 3-2 во неверојатен натпревар на „Енфилд роуд“ кој ни ја прикажа целосната убавина на фудбалот. „Црвените“ поведоа со автоголот на Томори во 9. минута, а само пет минути подоцна можеа да ја удвојат предноста, но Салах не успеа да реализира пенал. Следеше „блиц-крик“ на „росонерите“ кои за само 110 секунди преку Ребиќ и Дијаз успеаја да направат целосен пресврт и на пауза да заминат со водство од 1-2.

Во вториот дел Салах се извади за промашениот пенал со голот во 47. минута, додека конечните 3-2 ги постави Хендерсон во 69. минута.

Пари Сен Жермен и покрај триото Меси, Нејмар, Мбапе не успеа да слави на гостувањето кај Клуб Бриж и одигра само 1-1. Реал Мадрид го совлада Интер со 0-1, а Атлетико Мадрид одигра без голови против Порто.

Во натпревар со девет голови Манчестер Сити славеше над Лајпциг со 6-3.

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО: 

Атлетико М. – Порто 0-0

Бриж – ПСЖ       1-1

Интер – Реал М. 0-1

Ливерпул – Милан 3-2

Манчестер С. – Лајпциг 6-3

Спортинг Л. – Ајакс 1-5

 

 

Се вчитува...