Ливерпул го враќа Мемфис Депај во Премиер – лигата?

Англискиот премиерлигаш Ливерпул се подготвува за финалето на Лигата на шампионите во Мадрид против Тотенхем, но исто така веќе ги планира и активностите за летниот преоден рок. Менаџерот Јирген Клоп е свесен дека ова лето би можеле да си заминат Мохамед Салах и Садио Мане, двоецот за кој е заинтересиран Реал Мадрид, па се обидува да пронајде соодветни солуции. Тој сака да го врати Мемфис Депај во Премиер – лигата и да го доведе на „Енфилд Роуд“.

Холанѓанецот беше дел од Манчестер Јунајтед, но не се снајде најдобро и се пресели во францускиот Лион, каде повторно блеска. Клоп верува дека Депај одлично би се вклопил во неговиот тим и подготвен е да плати 60 милиони фунти за негов ангажман. Покрај Депај, во фокусот на Ливерпул се и играчите за врска на Лион, Хусем Ауар и Тангуј Ндомбеле.

 

Се вчитува...