Ливерпул и Атлетик Билбао со едноминутен аплауз во спомен на Жота во 20-тата минута од мечот

Ливерпул и Атлетик ја прекинаа играта во чест на Диого Жота. Клубовите играат пријателски натпревар на „Енфилд“ како дел од подготовките за новата сезона.

Натпреварот беше прекинат во 20-тата минута поради едноминутен аплауз во спомен на Диого Жота. Португалскиот фудбалер играше за „црвените“ под бројот 20.

Напаѓачот на Ливерпул, Жота, и неговиот брат Андре Тешеира да Силва, кои играше за Пенафиел во втората лига на Португалија, загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија на 3 јули. Двајцата се упатиле кон Сантандер, од каде Диого Жота требало со брод да продолжи до Ливерпул, но на северот на Шпанија нивото возило Ламбурџини излета од патот и се запали, по што на лице место загинаа двајцата браќа.

Се вчитува...