Ливерпул и Лајпциг повторно во Будимпешта

Фудбалерите на Лајпциг и Ливерпул и во реваншот од Лигата на шампионите ќе играат на „Ференц Пушкаш“ стадионот во Будимпешта. Како и во првиот меч така и сега причина е коронавирусот, односно мерките кои како држава ги применува Германија.

Имено, Германците не и дозволуваат на својата екипа да отпатува во Англија, а да по враќањето непречено да ја продолжи сезоната во Бундеслигата. Задолжителен е карантин од 14 дена, па затоа двата тима повторно ќе се сретнат во главниот град на Унгарија. Во првиот дуел на арената „Ференц Пушкаш“ Ливерпул славеше со 2-0.

Се вчитува...