Ливерпул и Манчестер Јунајтед го поттикнуваат планот за „Суперлига на Велика Британија“ – Ренџерс и Селтик да се приклучат на Англичаните

Суперлигата на „големите 12“ заврши со фијаско, но отвори и идеја во Велика Британија за револуција на Премиерлигата со што на англиските клубови би им се приклучиле шкотските Селтик и Ренџерс, а овој план го поттикнуваат Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

За разлика од европската Суперлигата која наиде на општа осуда, реалзацијата на „Суперлига на Велика Британија“ ја има поддршката на ФИФА, УЕФА и самата држава. Истата би броела 18, наместо 20-те клуба кои ја сочинуваат Премиерлигата во моментот, што значи дека четири англиски клубови ќе заминат од првото по ранг натпреварување на „Островот“.

Ова не е прв пат да се споменува приклучување на Селтик и Ренџер на англиските премиерлигаши. Ваквата идеја трае веќе две децении, а дали истата конечно ќе се реализира останува да видиме.

 

Се вчитува...