Ливерпул има атомски напад, постигна рекорден број голови во историјата на ЛШ

Англискиот тим Ливерпул обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите во Киев, каде ќе се сретне со актуелниот европски првак Реал Мадрид, а на патот до големиот финален дуел успеа да постави и нов рекорд во елитното европско клупско натпреварување. Ливерпул дефинитивно има атомски напад, а тоа го потврди и со уривање на рекордот за најмногу постигнати голови во историјата на ЛШ.

„Црвените“ оваа сезона постигнаа 46 гола на 14 натпревари и го урнаа досегашнот рекорд на Барселона од сезоната 1999/00, кога каталонскиот тим го заврши натпреварувањето со 45 постигнати погодоци. На третото место на вечната листа се наоѓа Реал Мадрид, со 41 гол на 13 натпревари, од сезоната 2013/14.

Се вчитува...