Ливерпул испрати рекордно висока понуда за Алисон

Ливерпул испратил, нова, повисока понуда за Алисон и е многу блиску до договор со Рома за трансфер на голманот. Сумата што сега ја нуди англискиот тим е 75 милиони евра што е највисоката бројка за трансфер на голман досега.

Ливерпул во вторникот испрати понуда од 70 милиони евра која беше одбиена, но новите пет милиони, го носат до договор па клубот наводно веќе и ги почнал подготовките за медицинските тестови на 25-годишниот Бразилец. Алисон би дошол на местото на несреќниот Лорис Кариус и би ја зазел позицијата на прв голман во тимот на Јирген Клоп.

Алисон дојде во Рома во 2016 година за само 7,5 милиони евра.

 

Се вчитува...