Ливерпул ја користи „фрката“ околу Роналдо, па го „краде“ Дибала!?

Кристијано Роналдо се поизвесно е блиску до трансфер во Јувентус… Па, во еден таков случај, италијанските медиуми сега се погласно шпекулираат и за иднината на Пауло Дибала.

Роналдо во Јувентус се очекува да заработува околу 30 милиони евра годишно, откако претходно „Старата дама“ на Реал ќе му ја исплати и откупната клаузула од 100 милиони евра. Ваквиот развој на ситуацијата, како што пишуваат Италијанците, го буди Јирген Клоп кој сака Дибала да го види во редовите на Ливерпул.

Наводно, веќе е познато дека во случај на доаѓање на Роналдо тогаш улогата на Дибала во тимот од Торино се доведува под знак прашање, па затоа и желбата на Ливерпул да го искористи тоа за трансфер на Аргентинецот.

Сепак, јасно е дека се е на база на шпекулации… Барем до моментот се додека и официјално не се заокружи евентуалниот трансфер на Роналдо од Реал во Јувентус.

Се вчитува...