Ливерпул ја погоди пречката на Интер, Баерн го „растури“ Салцбург за едно полувреме

Интер целосно офанзивно игра на Енфилд и оди по прв гол. Шанса за такво нешто имаше Чалханоглу кој од прекин се обиде да го совлада Алисон кој одбрани. Меѓутоа најдобрата шанса ја имаше Ливерпул кој преку Матип ја погоди пречката.

Првиот дел на Енфилд го одбележа и настанот на трибините, откако му се слоши на еден навивач на „црвените“ по што мораше да интервенираат и лекарите.

На вториот меч во Минхен, Баерн Минхен води со 4-0, и практично вече обезбеди место во 1/4 финалето. Левандовски постигна три гола, додека Гнабри стрелаше еднаш.

Се вчитува...