Ливерпул ќе ги враќа парите на оние кои купиле дресови од Кутињо

Ливерпул одлично ќе заработи од продажбата на Филипе Кутињо во Барселона, но „црвените“ планираат да потрошат ел од овие пари за покривање на трошоците на сите оние навивачи кои сезонава потрошиле пари за да купат дрес на Бразилецот. Имено, управата на Ливерпул донесе одлука за рефундација на сите оние фанови со дресовите на Кутињо, давајќи им ваучери за да си одберат нов дрес од овој клуб.

Околностите под кои си замина Кутињо беа такви за ние како клуб да не можеме поинаку да реагираме. Разбираме дека некои навивачи ќе бидат разочарани бидејќи неодамна купиле негов дрес, па решивме на секој што ќе го врати дресот во нашите официјални фан-шопови веднаш да му издадеме ваучер од 50 фунти, сума доволна за да земе нов дрес со име по избор“ – објавија од Ливерпул.

Се вчитува...