Ливерпул ќе го сонува Винисиус, Фоден спречи изненадување во Манчестер

Реал Мадрид со одлична предност од 3-1 ќе патува на реваншот против Ливерпул, сосема заслужено по одличното издание на „кралевите“ на вечерашниот дуел со големиот ривал. Бразилецот Винисиус е херојот на Реал на овој меч, откако брзоногиот офанзивец двапати го совлада Алисон Бекер и му донесе добра позитива на својот тим пред дуелот на „Енфилд“.

Реал целосно доминираше на теренот во првото полувреме, во кое Ливерпул не упати ниту еден удар кон противничкиот гол. Винисиус го отвори резултатот по извонредното додавање на Тони Крос, а на 2-0 зголеми Асенсио, казнувајќи ја катастрофалната грешка на Александер Арнолд. Ливерпул заигра многу подобро во вториот дел, намали на 2-1 преку Салах, имаше и одлична шанса за израмнување, но Винисиус повторно се покажа кобен за „црвените“, постигнувајќи го и својот втор гол на мечот.

Манчестер Сити по голема битка успеа да го скрши отпорот на Борусија Дортмунд, триумфирајќи со 2-1 на мечот одигран на „Етихад“. Де Бруине го отвори резултатот во раната фаза на мечот и се чинеше дека „граѓаните“ ќе стигнат до рутински триумф. Судијата досуди пенал за тимот на Гвардиола, па го поништи со помош на ВАР, пред крајот на полувремето сериозно ги оштети гостите пред да постигнат гол, но Борусија сепак успеа да стигне до израмување со голот што го постигна капитенот Марко Ројс. И кога се чинеше дека гостите ќе останат поразени, Гундоган асистираше до Фоден, а младиот англиски фудбалер биеше прецизно по земја во долниот агол од голот на „милионерите“, на огромна радост на Пеп Гвардиола и на фудбалерите на Манчестер Сити.

Се вчитува...