Ливерпул конечно победи на гостински терен во 2026

Ливерпул успеа да го остави зад ссебе шокантниот дерби-пораз од Манчестер Сити, па експресно се врати на победнички патеки со триумф во Сандерленд од минимални 0-1.

За „црвените“ ова воедно беше и прва гостинска победа во Премиер-лигата во 2026 година, откако на претходните три меча забежаа две реми и еден пораз.

Победата е апсолутно заслужена ако се земат во предвид бројните промашени шанси при 0-0, по што Ван Дајк конечно го најде патот до мрежата, по корнерот што го изведе Мохамед Салах.

Англискиот првак по постигнатиот гол се повлече, Сандерленд почна да креира шанси, но мрежата на Алисон за разлика од претходните дуели овојпат остана незатресена, па Ливерпул заслужено стигна до цел плен на „Стадионот на Светлината“.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...