Ливерпул конечно се ослободи од Лорис Кариус

Англискиот шампион Ливерпул конечно успеа да се ослободи од Лорис Кариус. Германецот кариерата ќе ја продолжи во бундеслигашот Унион Берлин.

Кариус по четири години конечно веќе не е голман на „црвените“ кои поради него го загубија финалето од Реал Мадрид во Лигата на шампионите во 2018 година.

Последните две години тој ги помина на позајмица во Бешикташ каде исто така не се прослави, а сега веќе и официјално повеќе не е фудбалер на Ливерпул и ќе ги брани боите на Унион Берлин.

Се вчитува...