Ливерпул конечно се ослободува од Лорис Кариус

Ливерпул конечно ќе може да се ослободи од Лорис Кариус, пренесуваат англиските медиуми. За германскиот голман заинтересиран е францускиот Монтпелје кој на клубот од „Енфилд роуд“ е подготвен да му плати 6 милиони фунти.

Кариус минатите две сезони ги помина во турскиот Бешикташ, откако Ливерпул се реши да го прати на позајмица по очајната партија во финалето до Лигата на шампионите во 2018 година против Реал Мадрид.

Кариус во Ливерпул како големо засилување стигна во 2016 година од редовите на германскиот Мајнц.

Се вчитува...