Ливерпул купува деструктивец од Борусија Менхенгладбах

Англискиот шампион Ливерпул сака да го засили тимот со квалитетен играч за врска кој има силни дефанзивни карактеристики. Менаџерот Јирген Клоп смета дека пронашол ваков профил во бундеслигашот Борусија Менхенгладбах. Се работи за швајцарскиот репрезентативец Денис Закарија.

Ливерпул е подготвен да плати 37 милиони фунти за да го доведе деструктивецот од средниот ред на „Енфилд Роуд“. Тој има договор со Борусија Менхенгладбах до јуни 2022 година и ова лето германскиот клуб на него би можел да заработи одлична сума.

Клоп е задоволен од офанзивните карактеристики на „црвените“, но првиот меч во новата сезона против Лидс Јунајтед откри многу слабости во дефанзива. Ливерпул прими три гола и едвај успеа да извлече триумф, пред се благодарејќи на расположениот Мохамед Салах.

Се вчитува...