Ливерпул му забрани на Салах да игра на ОИ во Токио

Јирген Клоп и челниците на Ливерпул не му дозволија на репрезентативецот на Египет, Мохамед Салах да настапи на Олимписките игри (ОИ) во Токио, иако селекторот на репрезентацијата до 23 години го повика искусниот фудбалер како еден од тројца фудбалери кои се постари од таа возрасна граница.

Екипата од „Енфилд“ даде негативен одговор по барањето на репрезентацијата на Египет, па Салах нема да им се приклучи на ОИ во Токио, кои се на програмата од 22 јули до 7 август..

„Салах сакаше да ја предводи екипата на ОИ, но Ливерпул тоа не му го дозволи. Тие се свесни дека ќе бидат без него, кога во јануари ќе се игра Купот на Нации на Африка и не сакаат да отсуствува и на почетокот на сезоната во Премиерлигата“, кажа претседателот на Фудбалскиот сојуз на Египет, Ахмед Мегахед.

Се вчитува...