Ливерпул најде нов лев бек, доаѓа Робертсон од Хал

Јирген Клоп конечно ја финишираше потрагата по нов лев бек, откако Ливерпул ги договори условите за пристигнување на Енди Робертсон од редовите на Хал. Менаџерот на „црвените“ цела ланска сезона инсистираше на Џејмс Милнер на неприродна позиција за искусниот играч, за летово да го посочи токму овој дел од тимот како приоритетен за засилување. Во игра беа неколку, за на крајот изборот да падне на шкотскиот репрезентативец Робертсон. Хал долго време инсистираше на 15 милиони фунти, за тимот што испадна од Премиер-лигата на крајот да се согласи на десет милиони фунти отштета, со дополнителни три милиони преку неколку клаузули.

Тој во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Ливерпул и по минувањето на лекарските прегледи ќе остане во тренинг-центарот Мелвуд, чекајќи го остатокот од тимот кој моментно се наоѓа на турнеја низ Азија.

Робертос пристигна во Хал од редовите на Данди јунајтед во 2014 година за сума од три милиони фунти и оттогаш одигра 115 натпревари за „тигрите“. Неговото доаѓање ќе значи и сигурно заминување на Алберто Морено, откако Шпанецот воопшто не ги оправда очекувањата по доаѓањето од Севилја.

Се вчитува...