Ливерпул најголем малер, Јунајтед најсреќен во минатата сезона во Премиер-лигата

Ливерпул бил најнесреќен, а Манчестер јунајтед најсреќен тим во минатата сезона во Премиер-лигата открива истражување направено според таканаречениот „индекс на среќа“ во кој се содржани повеќе фактори.

Според анализата, Ливерпул загубил 12 бода во натпревари во кои имал неправедно поништени голови, лоши одлуки за пенали или црвени картони. Јунајтед пак добил шест бода благодарение на одлуки кои неправедно оделе во негова корист. Во симулацијата, Манчестер сити секако е на шампионската позиција, но со три бода помалку. Ако Ливерпул ги имал овие 12 бода ќе се пробиел на второто место на табелата.

Анализата е правена со соработка со поранешниот судија Питер Волтон и со анализа на снимките од сите премиерлигашки натпревари од сезоната 2017/18 на кои бил разгледувани головите кои не требало да бидат признати, неправедно поништените голови, неправилно досудените пенали, пеналите кои не биле, а требало да бидат досудени, неправилните црвени картони и уште неколку други категории.

 

Се вчитува...