Ливерпул не е за продажба – одбиени две милијарди фунти

Американските газди на Ливерпул, компанијата „Фенвеј спортс груп“, одбиле неверојатни две милијарди фунти за купопродажба на клубот од „Енфилд“, што ќе беше светски рекорд за преземање на еден фудбалски колектив.

Понудата пристигнала од кралското семејство од Обединетите Арапски Емирати, поточно од Шеикот Калед бин Зајед Ал Нахајан, кој е близок роднина на првиот човек на Манчестер сити. „Црвените“ бараат помали инвеститори кои би ја зголемиле финансиската моќ на клубот, а кога информацијата стигнала до Калед бин Зајед, тој веднаш подготвил понуда за откупување на сите 100% од акциите на Ливерпул.

Негативниот одговор пристигнал експресно, со јасна порака дека гигантот од „Енфилд“ не е на продажба.

„Ливерпул нема да биде продаден. Се сретнавме и го ставивме тоа до знаење, но бевме и јасни кога рековме дека, под вистински и прифатливи услови, би допуштиле помала инвестиција, односно купување на мал дел на акции, ако тоа е за долгорочна корист на Ливерпул“ – објавија од „Фенвеј Спортс груп“.

Се вчитува...