Ливерпул неутрализиран од Евертон…, Сити е нов лидер во Премиер лигата

По долг период Ливерпул ја препушти лидерската позиција во Премиер лигата на Манчестер сити откако во 29. коло ремизираше без голови во градската дерби пресметка со Евертон.

„Црвените“ имаа повеќе од играта со константен притисок кон голот на „карамелите“, реализираа неколку убави можности но не успеаја да постигнат гол. Салах во првото полувреме, во 29. минута имаше одлична можност за водство но домашниот голман одбрани, а во вториот дел извонредни шанси за триумф имаа и Фабињо во 69. минута и Милнер во 75. минута.

Ливерпул, по ова реми, сега е на втората позиција на табелата со бод помалку од новиот лидер Манчестер сити.

Се вчитува...