Ливерпул никогаш не победил со судијата што ќе му суди во Рим

Ливерпул ќе брани предност од три гола на реваншот во Рим, на кој тимот на Јирген Клоп ќе мора да игра и против традицијата кога станува збор за судијата што беше делегиран за мечот на „Олимпико“.

Пјерлуиџи Колина го избра Дамир Скомина за главен арбитар на ова полуфинале, по што „црвените“ веднаш се потсетија на непријатната традиција која вели дека англискиот клуб секогаш губел кога Словенецот му судел во европските натпреварувања.

Ливерпул ја пречека Фиорентина во 2009 година во првиот меч под водство на Скомина и неочекувано беше поразен на „Енфилд роуд“ со 1-2. Во 2015 година Словенецот го водеше мечот Бешикташ – Ливерпул, на кој англискиот клуб загуби со 1-0, а потоа на пенали и беше елиминиран од Лигата на Европа. Во наредната 2016 година Скомина беше главен судија на дуелот Вилјареал – Ливерпул, на кој „црвените“ беа поразени со 1-0 со гол примен во последната минута.

Се вчитува...