Ливерпул нуди 50 милиони евра за Набил Фекир

Европскиот првак Ливерпул сака една година подоцна сепак да го добие потписот на Набил Фекир. Напаѓачот на Лион и минатото лето беше на прагот на „Енфилд Роуд“, но во последен момент планираниот трансфер отпадна. Сепак, сега „црвените“ повторно тргнуваат во офанзива по еден од најдобрите фудбалери во францускиот шампионат.

Ливерпул е подготвен да плати 50 милиони евра за трансферот на Фекир, а тој влегува во последната година од неговиот договор и речиси сигурно ќе добие дозвола за заминување од таборот на Лион. Покрај Ливерпул, во игра за потписот на Набил Фекир се и Њукасл и Тотенхем, но и Лацио и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...