Ливерпул остана без дефанзивци за Баерн Минхен

Ливерпул следниот вторник ќе го игра својот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен, меч за кој Јирген Клоп ќе мора да експериментира со дефанзивната линија.

Убедливо најдобриот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ќе паузира поради суспензија, а главоболките на Клоп се уште поголеми ако се знае дека Џо Гомез е повреден најмалку уште еден месец. Згора на тоа, Дејан Ловрен и самиот влече незгодна повреда на мускулот, па Хрватот воопшто не отпатува со остатокот на тимот во тренинг-кампот во Марбелја, Шпанија.

Ловрен речиси сигурно ќе го пропушти првиот натпревар на „Енфилд“, на кој Клоп нема преголем избор, Матип е единствен здрав централен дефанзивец и ќе мора да игра во тандем со Фабињо.

Се вчитува...