Ливерпул остана без клучен играч, Јунајтед се лизна, а Сити пукна петарда во Велс

Ливерпул рутински триумфираше на домашен терен над Саутемптон со 3-0, но голем проблем за Јирген Клоп претставува повредата на Вирџил ван Дајк, поради која најдобриот дефанзивец на „црвените“ мораше да биде заменет во второто полувреме. Клоп тргна ултра-офанзивно, со Шаќири, Фирмино, Мане и Салах во стартниот тим и таквата тактика вроди со плод, па веќе во првото полувреме беа постигнати три погодоци (Матип, Салах и еден автогол по удар на Шаќири).

Сепак, главоболка за „црвените“ претставува повредата на Ван Дајк, уште повеќе ако се знае дека во следните 15 дена лидерот на табелата го очекуваат дерби дуели со Челси и Манчестер сити, како и гостување против Наполи во Лигата на шампионите.

Манчестер сити без мака ја оправда фаворитската улгоа во Кардиф, декласирајќи го на гостински терен велшкиот клуб со 0-5. Триесетина минути домаините успеваа да одолеат на налетите на Сити, за потоа Агуеро, Бернардо Силва, Гундоган и Марез (два гола) да ја затресат мрежата на Кардиф.

Манчестер јунајтед уште еднаш разочаран на домашен терен, ремизирајќи 1-1 против Вулверхемптон. Фред ги доведе „ѓаволите“ во водство во првото полувреме, но Мутињо со еврогол во 53. минута го замолкна „Олд трафорд“. Лукаку одигра разочарувачки меч и не реагираше најдобро при одлична шанса за победнички гол, па во финипт Давид де Хеа го спасуваше јунајтед од пораз по ударот на Адама Траоре.

Резултати Англија: 

Манчестер ј. – Вулвс 1-1, Ливерпул – Саутемптон 3-0, Лестер- Хадерсфилд 3-1, Кардиф – Манчестер сити 0-5, Барнли – Бурнемаут 4-0, Кристал палас – Њукасл 0-4.

Се вчитува...