Ливерпул пак се избламира, Саутемптон е во финалето од лига-купот

Ливерпул по вторпат во последните пет дена се избламира на домашен терен, откако не успеа да се пласира во финалето од лига-купот на Англија. „Црвените“ вечерва загубија со 0-1 на домашен терен од Саутемптон, а ако на тоа се додаде и поразот на гостувањето пред две седмици тимот на Јигрен Клоп не успеа да го повтори ланскиот успех и да стигне до големото финале на „Вембли“. Ова е првпат по 2005 година Ливерпул да загуби два меча во низа на домашен терен, кога „црвените“ беа поразени од Челси и од Кристал палас.

Саутемптон апсолутно го заслужи пласманот во финалето, пред се со извонредната прва партија во која „светците“ заслужија и многу повеќе од триумф од еден гол разлика. Овој тим беше подобар ривал и во првото полувреме на „Енфилд“, кога не реализираше две стопроцентни шанси.

Ливерпул заигра подобро во вторите 45 минути, создаде две одлични можности што Стариџ не ги реализираше, за единствениот погодок да биде постигнат во судиското продолжение, кога Шејн Лонг го совлада Кариус за огромна радост на „светците“.

Саутемптон за ривал во големото финале ќе го има подобриот од двомечот Хал – Манчестер јунајтед, на кој тимот на Жозе Мурињо по првата средба има предност од 2-0.

Shane Long Goal HD – Liverpool 0-1 Southampton… by ardit-miftari

Се вчитува...