Ливерпул ќе пазари од Јуве, ама не е Пауло Дибала

Ливерпул е сериозно заинтересиран да донесе офанзивен фудбалер на Јувентус, но не станува збор за Пауло Дибала, како што претходно шпекулираа неколку британски медиуми. Хрватот Марко Пјаца е желбата на Јирген Клоп, кој верува дека овој млад и талентиран брзоног офанзивец може да биде идеално освежување за неговиот тим и резервна опција за триото Салах – Мане – Фирмино.

Во прилог на Клоп оди и фактот дека Алегри не смета сериозно на екс-капитенот на Динамо Загреб. Тој ја мина ланската сезона на позајмица во Шалке, а „старата дама“ сега повторно ќе се обиде да се ослободи од него. Неофицијално, Пјаца е проценет на 25 милиони евра од страна на Јувентус, но не се исклучува ниту можноста за едногодишна позајмица на „Енфилд роуд“.

Самата потрага по нов офанзивец на Ливерпул е јасен знак дека Даниел Стариџ не е дел од плановите на Клоп и ќе му биде дозволено да ги промени тимските бои. Се очекува истото да биде случај и со Дени Ингс, кој ланската сезона ја мина на клупата за резерви, а сега сака да замине во клуб каде би имал поголема минутажа.

Се вчитува...