Ливерпул, по катастрофално второ полувреме, на „мускули“ го победи Вулверхемптон (ВИДЕО)

Ливерпул дојде до планирани три бода против Вулверхемптон победувајќи со 2-1 во 25. коло од Премиерлигата, но низ катастрофално одиграно второ полувреме во кое на крај се спасуваше победата.

„Црвените“ одиграа одличен прв, благодарение на кој дојдоа и до победата.

Луис Диаз уште во 15. минута донесе предност од 1-0, а потоа и Салах во 37. минута од пенал зголеми на 2-0.

Но, изненадувачки пад во играта на составот на Арне Слот во вториот дел, без ниту еден шут кон голот на противникот во вторите 45 минути. Тоа го искористи Вулверхемптон кој успеа да намали во 67. минута со голот на Бразилецот Куња, продолжи со иницијативата до крајот, но немаше сили да дојде барем до бод.

Се вчитува...