Ливерпул победува и кога Салах не погодува

Ливерпул ја забележа и втората победа во новата премиерлигашка сезона, откако тимот на Јирген Клоп вечерва по голема битка славеше со 0-2 над Кристал палас.

Гостите доминираа, но Салах промаши неколку шанси и Ливерпул се мачеше да го отвори резултатот до самиот финиш од полувремето. Првиот гол беше постигнат од пенал по еден сомнителен прекршок над Салах, по што Милнер беше прецизен од белата точка

На втор гол се чекаше се до 93. минута, кога домаќините тргнаа во тотална офанзива, а Мане ја запечати победата по еден одличен контранапад и додавање на Салах.

Се вчитува...