Ливерпул подготвен да го продаде и Салах

По Садио Мане, Ливерпул би можел до крајот на летниот преоден рок да остане и без втората ѕвезда, Мохамед Салах, пренесуваат англиските медиуми.

Клубот од „Енфилд“ е подготвен да го продаде Египќанецот, по серијата неуспешни преговори околу продолжување на соработката.

Салах влегува во последната година од договорот со „црвените“, а се помали се шансите дека двете страни ќе најдат „заеднички јазик“. Се верува дека понуда во висина од 70 милиони евра ќе биде доволна за било кој клуб во Европа да го земе Салах.

Се вчитува...