Ливерпул подготвува јануарска „трансфер-бомба“

Ливерпул е новиот фаворит во трката по Џејдон Санчо, откако Јирген Клоп успеал да ги мине ривалите во обидот прв да стигне до потписот на новата ѕвезда на англискиот фудбал. Санчо имаше неверојатна дебитантска сезона во дресот на Борусија Дортмунд, „милионерите“ летово не му дозволија да ги промени клупските бои, но  младиот офанзивец ја стартуваше новата сезона со низа доцнења и „дисциплински прекршоци“ како јасен знак дека не планира уште долго да остане во Германија.

Ова им е повеќе од јасно и на челниците на Борусија, кои планираа да го задржат големиот талент најмалку до крајот на сезонава, но по најновиот развој на настаните сега се подготвени за преговори за продажба веќе на стартот од 2020 година. Борусија ќе бара 100 милиони евра за Санчо, а Ливерпул е подготвен да ја плати оваа сума за да го доведе крилниот офанзивен фудбалер на „Енфилд“.

Јирген Клоп не ангажираше ниту едно ново засилување (со исклучок на резервниот голман Адријан) во текот на летото, па има буџет за да доведе екстра-офанзивен играч за дополнување на ударното трио Салах – Мане – Фирмино. Во една таква ситуација Санчо би имал можност да се адаптира во системот на игра на Ливерпул до крајот на сезонава, а потоа дефинитивно би атакувал на првотимски статус, најверојатно на местото на Салах, за кого се предвидува дека во текот на летото 2020 година ќе си замине од „Енфилд“.

Се вчитува...