Ливерпул подготвува нов договор: Салах ќе добие двојно поголема плата

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах ја освои Англија и ја ’збудале’ Европа со своите игри оваа сезона во дресот на Ливерпул. Тој постигна 43 гола во дресот на „црвените“ во сите натпреварувања, а е на прагот со Ливерпул да стигне и до финалето на Лигата на шампионите. Минатото лето за сума од 34 милиони фунти дојде на „Енфилд роуд“, а сега неговата цена е шесткратно повисока, и Реал Мадрид веќе понуди 240 милиони евра.

Ливерпул мора веднаш да реагира и да ја зголеми неговата плата. Салах неделно заработува 90.000 фунти според актуелниот договор, со кој се обврза на верност до 2022 година, но блескавите игри го примораа раководството на клубот и менаџерот Јирген Клоп да размислуваат да го наградат Египќанецот. Веќе се подготвува нов договор, со многу подобри услови за Мохамед Салах. Тој во иднина ќе заработува 185.000 фунти неделно, што значи дека ќе добие двојно поголема плата од досегашната.

Се вчитува...