Ливерпул потврди: Дарвин Нуњез продолжува во Ал-Хилал

Фудбалскиот клуб Ливерпул потврди дека уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез го комплетирал својот трансфер во Ал-Хилал од Саудиската професионална лига. Со ова, завршува тригодишната епизода на Нуњез во дресот на „црвените“. Во овој период тој одигра 143 натпревари, постигна 40 погодоци и освои трофеи во Премиер лигата и Карабао купот.

Нуњез пристигна на „Енфилд“ во летото 2022 година од Бенфика и веднаш се запиша во листата на стрелците на своето деби, помагајќи му на тимот на Јирген Клоп да го освои ФА Комјунити Шилд со победа над Манчестер Сити. Во првата сезона постигна 15 голови на 42 натпревари и двапати беше избран за играч на месецот на Ливерпул.

Во втората сезона го подобри учинокот на 18 погодоци, вклучително и два клучни гола против Њукасл Јунајтед со кои донесе драматичен пресврт.

Сезоната 2024/25 беше негова последна на Мерсисајд, а ја заврши со најголемото можно достигнување – освојувањето на титулата во Премиер лигата.

На негово место би требало на „Енфилд“ да пристигне Александар Исак, но денеска од Њукасл стигна шокантна информација, дека челниците на овој тим не го пуштаат шведскиот гоглетер да ја смени средината.

Се вчитува...