Ливерпул прифати: Кариус две години во Бешикташ

Лорис Кариус е подготвен да стави крај на кошмарот во Ливерпул и својата кариера да ја продолжи во Турција откако „црвените“ ја прифатија понудата за негова позајмица во Бешикташ.

Двата клуба веќе извесно време преговараат на оваа тема, за денеска Ливерпул да прифати Кариус да замине на двогодишна позајмица, а Бешикташ да плати три милиони евра. Доколку турскиот клуб во меѓувреме сака да го откупи целосно договорот на германскиот клуб, ќе треба да доплати уште осум милиони евра.

Кариус беше трагичар на Ливерпул на финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, очајно бранеше и на првите контролни средби летово, па јасно е дека со доаѓањето на Алисон Бекер тој ќе треба да ја грее клупата на „црвените“. Заминувањето на Германецот речиси сигурно ќе значи и останување на Симон Мињоле, кого Ливерпул и покрај неколкуте понуди не успеа да го продаде во овој преоден рок.

Се вчитува...