Ливерпул продаде двајца „отпишани“ за 20 милиони евра

Ливерпул ја почна распродажбата на оние фудбалери на кои Јирген Клоп не смета сериозно, откако „црвените“ го договорија заминувањето на Марко Грујиќ и на Таиво Авонији, за чии услуги англискиот гигант ќе заработи 20 милиони евра.

Грујиќ пристигна како засилување од Црвена Звезда, но Србинот никогаш не се наметна за првотимски статус кај Јирген Клоп. Беше испраќан по позајмици, а ланската сезона ја мина во тимот на Порто. Португалскиот гигант беше задоволен од неговите настапи, па реши да го откупи договорот на Грујиќ со Ливерпул. Висината на трансферот изнесува 12,5 милиони евра, а Грујиќ синоќа отпатува за Португалија, на потпис на договорот со новиот клуб, со важност до 2025 година.

Авонији не можеше да извади работна дозвола за настап во Англија, поради што беше испраќан по позајмици надвор од „островот“. Лани го носеше дресот на Унион Берлин, чии челници летово решија целосно да го откупат овој фудбалер за сума од 7,5 милиони евра.

Се вчитува...