Ливерпул продава: Кариус и Клаван на пат за Турција

Англиските клубови завршија со купување за оваа година, но Ливерпул се уште е активен на пазарот – овојпат за продажба на фудбалерите на кои Јирген Клоп нема да смета сериозно во новата сезона.

Лорис Кариус бара нов клуб во ситуација кога Алисон Бекер е сигурен како прв голман, па Германецот многу лесно би можел да заврши во Турција, на голот на екипата на Бешикташ.  „Црно-белите“ од Истанбул летово го продадоа Фабри во Фулам, а планот да се доведе Оспина од Арсенал како негова замена пропадна во последен момент. Сега како опција се разгледува Кариус, за кого е испратена и понуда за едногодишна позајмица, со можност на крајот од сезоната Бешикташ целосно да го откупи откупи неговиот договор со Ливерпул.

„Црвените“ преговараат за уште еден трансфер во Турција, откако Фенербахче покажа сериозен интерес да го доведе во своите редови Рагнар Клаван. Естонецот веќе не е ниту четврти избор за централен дефанзивец и Клоп е подготвен да го продаде за пет милиони евра, додека клубот на Елиф Елмас испрати понуда за едногодишна позајмица. Преговорите ќе продолжат, а кај двете страни постои желба да се најде заеднички јазик и Клавар својата кариера да ја продолжи во дресот на турскиот гигант.

Се вчитува...