Ливерпул промашуваше, па на крај со Стоук без голови ремизираше

Ливерпул го запиша и второто едноподруго реми во Премиер лигата, играјќи без голови во 36. коло од Премиер лигата против Стоук.

„Црвените“ имаа повеќе од играта, можеа да го решат победникот уште во првиот дел но промашуваа од одлични позиции. Мохамед Салах во 4. минута не успеа да реализира од идеална позиција, а во 41. минута Ингс постигна прекрасен гол, но оправдано беше поништен поради офсајд позиција.

Во вториот дел повторно Ливерпул е тој кој се обидуваше да стигне до водство и триумф, но безуспешно. По ова реми тимот од Енфилд со 72 бода остана на третата позиција на табелата, со два бода минус во однос на второпласираниот Манчестер јунајтед.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...