Ливерпул разочаран од однесувањето на навивачите

Ливерпул по пауза од 30 години стигна до трофејот во англиската Премиер-лига. „Црвените“ до титулата стигнаа на убедлив начин на седум кола до крајот на шампионатот, а официјално пехарот беше кренат во средата во претпоследното коло од сезоната.

Иако поради пандемијата од коронавирусот на навивачите не им беше дозволено да се собираат пред стадионот, поединци тоа го направија. Три илјади дојдоа пред „Енфилд роуд“ и имаа  проблеми со полицијата.

„Фудбалскиот клуб Ливерпул им се заблагодарува на навивачите кои останаа во своите домови и го прославија трофејот, штитејќи ги своите сакани и нашиот град од пандемијата од коронавирусот. Разочарани сме поради случувањата пред „Енфилд“ и што голем број навивачи не ги послушаа советите да слават во своите домови“, стои во соопштението од клубот. 

Ливерпул годинашната „одисеја“ во Премиер-лигата ќе ја заокружи со мечот против Њукасл во недела.

Се вчитува...