Ливерпул реши: Кутињо ќе добие шампионски медал ако „црвените“ победат во Киев

Доколку Ливерпул успее да триумфира на утрешното финале против Реал Мадрид, Филипе Кутињо ќе добие шампионски медал од елитното европско натпреварување. Ваквата одлука ја донесе управата на „црвените“, одлучувајќи да го почитува и награди придонесот на Бразилецот во овосезонскиот настап од ЛШ, без оглед на неговото упорно инсистирање да си замине што резултираше со јануарски трансфер во Барселона.

Навивачите гласно бараа Кутињо да остане без медал, но челниците на клубот решија да го испочитуваат плејмејкерот кој настапи на пет средби во ЛШ сезонава и постигна пет погодоци, меѓу нив и хет-трикот на последниот меч од групата со Спартак Москва.

Кутињо е еден од 25-те фудбалери кои настапија за Ливерпул во Лигата на шампионите сезонава, а УЕФА согласно пропозициие доделува вкупно 40 златни медали за тимот што ќе биде европски првак.

Се вчитува...