Ливерпул само до реми на „Сент Џејмс парк“… (видео)

Ливерпул не успеа да стигне до трите бода на гостувањето против Њукасл на „Сент Џејмс парк“ во 7. коло од Премиер лигата и покрај тоа што имаше предност.

„Црвените“ ремизираа (1-1) откако најпрво поведоа со голот на Кутињо во 29. минута, а потоа домашните израмнија преку Жосел во 36. минута.

Во второто полувреме Ливерпул имаше неколку шанси за триумф, но не успеа да стигне до посакуваните три бода.

Со ова реми составот на Јирген Клоп има 12 бода, за делба на шестата позиција, додека Њукасл е на 10 бода по седум натпревари.

Се вчитува...