Ливерпул се чекираше во осминафинале, ПСЖ се „лизна“ кај Лајпциг (ВИДЕО)

Ливерпул го совлада Атлетико Мадрид со 2-0 во натпревар од 4. коло во Лигата на шампионите. Избраниците на Јирген Клоп натпреварот го решија уште во првиот дел со головите на Диого Жота во 13. и Садио Мане во 21. минута. За издвојување е и црвениот картон кој го доби фудбалерот на гостите Фелипе во 36. минута.

Со овој триумф „црвените“ се „чекираа“ во осминафиналната фаза од елитното натпреварување.

Пари Сен Жермен одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај Лајпциг. Гостите поведоа со голот на Нкунку во 8. минута, а само четири минути подоцна Андре Силва не реализираше пенал. До крајот на првите 45 минути следеа два гола наЏорџино Вајналдум со кој „светците“ стигнаа до предност од 1-2. Сепак, до крајот Собослај од пенал во 92. минута успеа да донесе бод за домаќините.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 4. КОЛО

Борусија Д. – Ајакс 1-3

Ливерпул – Атлетико М. 2-0

Манчестер С. – Клуб Б. 4-1

Лајпциг – ПСЖ 2-2

Шериф – Интер 1-3

Спортинг Л. – Бешикташ 4-0

 

Се вчитува...