Ливерпул се откажа од Наби Кеита

Ливерпул беше принуден да признае капитулација во обидот да го ангажира Наби Кеита, откако раководството на Лајпциг остана доследно на ставот дека нема намера да го продаде интернационалецот од Гвинеја. Овој 22-годишен фудбалер беше на врвот од листата со желби на Јирген Клоп кога станува збор за играчите од средниот ред, па Ливерпул испрати две понуди, едната од 55, а втората од огромни 70 милиони евра.

Лајпциг експресно ги одби и двете понуди, директорот Рангник неколку пати повторуваше дека овој клуб нема потреба да ги продава своите најдобри фудбалери, па на „црвените“ не им преостана ништо друго освен дефинитивно да ги прекинат сите преговори и да се обидат да доведат друг фудбалер како засилување за средниот ред.

Алекс Окслејд Чембрлен, проценет од Арсенал на 30 милиони фунти, е една од опциите за Јирген Клоп, исто како и Матео Ковачиќ од Реал Мадрид.

За очекување е Ливерпул следното лето повторно да тргне во офанзива по Кеита, со оглед на фактот дека во договорот со Лајпциг има клаузула според која тој во јуни 2018 е слободен за отштета од 50 милиони евра.

Се вчитува...