Ливерпул се откажа од Тимо Вернер, прескап е…

Иако трансферот на Тимо Вернер во Ливерпул ова лето речиси и беше договорен, се чини од тоа, сепак, нема да има ништо.

Ливерпул се откажува од доведување на напаѓачот на Лајпциг поради кризата предизвикана од коронавирусот. Европскиот шампион смета дека не може да си дозволи да плати 60 милиони евра колку што изнесува отштетната клаузула.

Британски „Мирор“ пренесува дека Ливерпул е одлучен ова лето да не троши повеќе од 35 милиони фунти по фудбалери, а Лајпциг јасно порача дека цената за Вернер нема да ја спушта.

„Немаме намера фудбалер кој има повеќе од една година преостаната во договорот да го продадеме под цена. Како ќе го замениме со добар напаѓач ако го продадеме под цена?“ – истакна синоќа директорот на Лајпциг, Оливер Минцлаф.

Вернер сезонава во 39 настапи за Лајпциг постигна 30 гола, дополнети и со 12 асистенции. Во првиот натпревар од продолжението на сезоната запиша хет-трик на гостински терен против Мајнц. Договорот со Лајпциг му завршува во јуни 2023 година.

Се вчитува...