Ливерпул се откажа од Ван Дајк и му се извини на Саутемптон

Дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил ван Дајк, сигурно нема да направи трансфер во Ливерпул ова лето. Клубот од „Енфилд роуд“ издаде официјално соопштение со кое ги негираше гласините дека има намера да го купи одбранбениот фудбалер на Саутемптон и истовремено упати извинување до овој клуб.

„Ливерпул сака да објави дека жали за последните шпекулации во медиумите околу Саутемптон и евентуалниот трансфер на играч меѓу двата клуба. Се извинуваме на сопственикот, раководството, директорите и на навивачите на Саутемптон за било какво несогласување околу Вирџил ван Дајк. Ја почитуваме позицијата на Саутемптон и можеме да потврдиме дека секое наше интересирање за фудбалерот е завршено“, стои во соопштението на Ливерпул.

Низ медиумите на Островот се појави приказна дека холандскиот дефанзивец ќе се пресели од Саутемптон во Ливерпул за сума од 70 милиони евра.

Се вчитува...