Ливерпул го промени својот став за иднината на напаѓачот Федерико Киеза во клубот, според „Фудбал Инсајдер“. Англискиот клуб претходно беше подготвен да го пушти 27-годишниот крилен напаѓач да си замине во јануари за да добие поголема минутажа. Сепак, Ливерпул сега е заинтересиран да го задржи Киеза бидејќи тој се повеќе добива шанса во тимот на Арне Слот.
Италијанецот се приклучи на англискиот клуб во летото 2024 година. Оваа сезона има шест настапи во сите натпреварувања, постигна два гола и имаше две асистенции. Неговиот договор со клубот е до летото 2028 година.
За Киеза имаше шпекулации дека ќе се врати во Италија, а исто така заинтересирани беа и клубови од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

