Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири, роден во Гњилане, најверојатно ќе го пропушти дуелот против Црвена Звезда во мечот од Групата Ц во Лигата на шампионите.
Како што пренесуваат дел од англиските медиуми, Ливерпул сепак е на став да не го носи Шаќири на дуелот во Белград за да не ризикува со потенцијална политичка тензија. Се уште се свежи сеќавањата на прославата на голот на Шаќири против Србија на Мундијалот 2018 во Русија.
Токму поради тоа во тимот од „Енфилд“ се исклучително внимателни сакајќи да избегнат било какви контроверзии. Англичаните, сепак, и потсетуваат на изјавата на директорот на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ дека во случај на доаѓање на Шаќири должност на клубот е се да мине во најдобар ред, но и верува дека 25-годишниот фудбалер во Белград ќе биде „помал и од зрнце сол“.
Натпреварот меѓу Црвена Звезда и Ливерпул во Белград се игра на 6. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА